Горан Блажески
Софтверски ИнжинерВо CodeLab
Како ментор во CodeLab, сум ангажиран на предавање на различни програмски јазици. Мојата главна одговорност е да развивам алгоритамско размислување кај учениците и да им помогнам да стекнат подлабоко разбирање на информатиката.
За Мене
Се занимавам со ИТ проекти и хобија, покрај програмирањето исто така работам со графички дизајн и UX/UI. Главната мотивација ми е постојаниот личен и професионален развој, како и желбата за стекнување нови знаења.
Професионална Позадина
Моето формално образование во информатика е стекнато на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Професионалното искуство главно се однесува на програмирање, со посебен фокус на финансиски технологии (FinTech).