Христина Трајчевска
Софтверски ИнженерВо CodeLab
Предавам програмирање на деца на возраст од 7 до 10 години преку Scratch, помагајќи им да ги направат првите чекори во светот на технологијата. Работам на развивање на нивното логичко размислување, креативност и самодоверба, обезбедувајќи поттикнувачка и пријатна средина за учење.
За Мене
Студент сум на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје, со силен фокус на софтверски развој. Имам искуство во дизајнирање и изработка на веб страници и различни апликации, како и во работа со деца низ едукативни и креативни активности. Ме инспирира светот на технологијата и постојано се усовршувам во програмирањето.
Професионална Позадина
Софтверски инженер со фокус на front-end и full-stack развој. Искуството го надградувам преку работа на различни проекти, создавање квалитетни веб-апликации и активна соработка во тимска средина.